Компанијата Oppo се подготвува на пазарот да пласира смартфон со ознака A53, кој припаѓа на средниот ранг на уреди.

A53 ќе послужи како наследник на моделот A52, кој се појави пред неколку месеци, попрецизно во април. Ќе го дели името со уредот од 2015. година, а тоа говори дека во Oppo сметаат дека пет години е доволен период да не дојде до забуна.

Во меѓувреме се откриени и спецификациите на моделот A53, кој ќе има 6,53-инчен LCD екран осетлив на допир со фреквенции на освежување од 90Hz, Snapdragon 460 процесор, 4 или 6GB RAM, 64 или 128GB интерна меморија и батерија од 5.000 mAh (18W брзо полнење).

Однапред е селфи камерата од 16MP сместена во отвор на екранот, додека одзади е главната камера од 16, макро камерата од 2MP и сензорот за длабочина од 2MP. Исто така, сензорот за отпечатоци од прсти е сместен на задната страна.

Уредот веројатно користи Android 10 оперативен систем со ColorOS 7.x интерфејсот на Oppo.