В петок покрај Земјата ќе помине огромен астероид четири пати поголем од Empire State Building.

Астероидот ќе „прелета“ покрај нашата планета со брзина од околу 76.000 km/h, а тоа ќе се случи еден месец откако друг огромен астероид помина покрај Земјата со брзина од околу 37.000 km/h.

Иако огромни, овие астероиди се сепак занемарливи во споредба со оној за кој се верува дека ја погодил Земјата и предизвикал исчезнување на диносаурусите. Сепак, астероидите можат да бидат опасни за човештвото.

Поради тоа, НАСА следи повеќе од 29.000 објекти на оддалеченост од 48 милиони километри од орбитата на Земјата. НАСА проценува дека тоа се претежно мали објекти, но астероидот 7335 (1989 JA), кој се движи со брзина од околу 76.000 км на час, е поголем од 99 отсто од нив.

Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно две години и четири месеци.

Земјата има своја орбита што ја следи, така што не е често во орбитата на астероидот. Сепак, на 27 мај двете небесни тела ќе бидат оддалечени 4 милиони километри. Следниот пат ќе се „сретнат“ по 33 години, на 23 јуни 2055 година. Сепак, тогаш астероидот ќе биде оддалечен 27 милиони километри од Земјата.

Без разлика на растојанието, НАСА го класифицираше астероидот 7335 како потенцијално опасен, што значи дека би направил огромна штета доколку ја промени својата траекторија и удри во Земјата.

Луѓето се свесни за опасностите од таквото отстапување и моментално бараат начини да ги пренасочат астероидите.

Минатата година беше објавено дека НАСА започнала мисија DART за да утврди дали може да ја промени траекторијата на астероидите. Минатиот месец, кинеската Национална вселенска администрација (CNSA), исто така, ги откри плановите за одбрана на планетата.

Важно е да се напомене дека ниту една од овие мисии нема за цел да детонира астероид со нуклеарна бомба, како што покажуваат некои холивудски филмови. Наместо тоа, целта е да се открие дали астероидот може да „притиска“ доволно за да остане надвор од орбитата на Земјата. Седум минути може да биде разлика помеѓу блиска средба и катастрофа.