Доколку идните сопственици решат интензивно да ја користат оваа опција, треба да бидат подготвени за чести менувања на гумите.

Во подготовка е Mercedes EQG, кој ќе биде електричната верзија на легендарната Г-класа. Очекувањата се големи, а на интернет пристигна и првото видео од ова возило направено при тестирање, на кое возилото се ротира на своето место за 360 степени, како тенк.

Иако квалитетот на видеото е низок, оваа функција може јасно да се види. Се претпоставува дека EQG има четири електрични мотори кои му овозможуваат да маневрира на овој начин.

Ова не е првиот автомобил со оваа опција, бидејќи го понуди и Rivian, но американскиот производител се откажа од него, па нема да биде вклучен во сериските модели.