Линколн донесе неверојатен дизајн на концептот за електричен автономен автомобил.

На автомобилската недела во Монтереј, Линколн го претстави L100, неговиот футуристички концепт за „електрифицирана мобилност“, инспириран од првиот луксузен седан, моделот L од 1922 година.

Во својата најава, луксузниот бренд на Форд, Линколн, вели дека како и неговиот претходник пред Големата депресија, L100 покажува шокантно ниво на раскош.

„Технологиите за ќелии на батерии од следната генерација ќе донесат револуционерна густина на енергија“, наведуваат од Линколн, но не кажуваат ништо за каква технологија се работи и колкав домет ќе обезбеди новата батерија.

Еден од најинтересните детали кај L100 доаѓа во форма на интерактивен дигитален панел кој се наоѓа помеѓу предните седишта, а е дополнителен систем за управување со сите функции на автомобилот, а покрај екранот на допир содржи и фигурина од автомобилот за што не објаснија која ќе биде неговата функција.

Имајќи предвид дека автомобилот е замислен како целосно автономен, во него нема волан и педали, така што интерактивната табла е повеќе дизајнерска функција бидејќи може да се претпостави дека Model L 100 ќе има можности за гласовна комуникација.

„Концептните возила ни овозможуваат повторно да замислиме и да илустрираме како новите искуства можат да оживеат со напредните технологии и да им овозможат на нашите дизајнери покреативна слобода од кога било досега“, рече Ентони Ло, главен директор за дизајн на Форд.

Други фантастични детали за дизајн вклучуваат внатрешност со седишта од предниот ред што може да се вртат, дигитален под и небо што може да прикажува реални анимирани сцени, долг стаклен покрив и врати со шарки што се отвораат како лилјани.

Се уште нема информации дали од овој концепт ќе произлезе возило од сериско производство.