WhatsApp има намера да ја прекине поддршката за iOS 10 и iOS 11 во октомври оваа година.

Потегот на Apple беше најавен преку известувања прикажани при инсталирањето на најновата верзија на iOS, кои велат дека поддршката за iOS 10 и 11 ќе биде прекината на 24 октомври.

WhatsApp сега го препорачува iOS 12 како основа за корисниците на iPhone. Оние кои сè уште користат iPhone 5s, iPhone 6 или iPhone 6s сепак ќе можат да ја користат апликацијата, но корисниците на iPhone 5 и 5c треба да размислат за понов уред.

Овие уреди се стари речиси десет години, така што потегот на WhatsApp веројатно нема да влијае на премногу корисници.

Милиони луѓе ширум светот денес користат WhatsApp за да комуницираат со пријателите и семејството.