Претходно оваа година, Instagram одлучи да ја изгаси својата Direct апликација за испраќање пораки. Потоа, се појавија информации за нова апликација на компанијата, наречена Threads.

Instagram сега официјално ја објави Threads, својата нова апликација за испраќање пораки. Разликата помеѓу Direct и Threads апликацијата е во подобрената приватност. Додека Direct им дозволуваше на сите да испраќаат пораки, Threads им дава на корисниците поголема контрола над тоа со кого комуницираат.

Корисниците ќе бидат во можност да креираат фотографии и видеа и да ги делат меѓусебно, а ќе постојат и функции како што е Status upadtes. Ова ќе им овозможи на корисниците да креираат ажурирања за своите статуси, со цел на другите да им стават до знаење што прават.

Threads апликацијата на Instagram ќе им биде достапна на корисниците веќе од денеска.