Поминаа речиси две години откако протече првиот докза за тоа како Google развива нов оперативен систем под името Fuchsia. новите шпекулации говорат дека Fuchsia во наредните пет години ќе го замени Android.
Овие информации ги потврди Bloomberg. Според изјавите на луѓето блиски до проектот на Google, Fuchsia ќе биде дизајнирана за да го замени секој оперативен систем кој моментно се испорачува на потрошувачкиот хардвер на Google. Тоа го вклучува Android, Chrome OS и вградените верзии на Android кои ги користат Google Home и Chromecasts.
Проектните инженери имаат намера во следните три години да почнат да ја испорачуваат Fuchsia на куќните уреди како што е Google Home паметниот звучник. После тоа, Fuchsia би требало да биде вградена во лаптопите.

Крајната цел е замената на Android со Fuchsia, што би можело да се случи за пет години.

Директорот на Google, Сундар Пичаи и софтверскиот инженер Хироши Локхајмер во иднина треба да ја одобрат замената на Android.

На изработката на Fuchsia сега работат повеќе од стотина инженери на кои им помага пензионираниот инженер Матиас Дуарте. Овој систем не е базиран на Linux кернелот, како што се Android и Chrome OS, туку на новиот Zircon кернел.

Иако многумина мислеа дека Fuchsia е експериментален систем наменет за тестирање на одредени идеи, се чини дека Google има сериозни намери со новата генерација на оперативниот систем.