Компанијата Sony објави дека во последниот квартал биле продадени два милиони PlayStation 5 (PS5) конзоли.

Sony продаде вкупно 19,3 милиони примероци од својата конзола од следната генерација. Во исто време, компанијата продаде значително помалку конзоли во текот на последниот квартал отколку во истиот период минатата година, кога беа продадени 3,3 милиони конзоли.

Затоа се зголеми продажбата на игри за PlayStation 4 и PS5, па продадени се 70,5 милиони наслови. Во истиот период минатата година продадени се 61,4 милиони игри.

Во текот на претходниот квартал, одделот на Sony GSN (Game & Network Services) заработи 5,1 милиони долари, што е малку повеќе од минатата година.

Севкупните резултати покажуваат дека продажбата на PS5 конзоли не е толку добра како продажбата на PlayStation 4, но Sony го очекуваше тоа. Од компанијата истакнаа дека на падот на продажбата влијаел недостигот во синџирот на снабдување со чипови и неможноста за производство на доволен број конзоли.

Сепак, компанијата верува во подобрување на ситуацијата и предвидува раст на продажбата од 34 отсто за следниот квартал.

Лансирањето на услугите за претплата на PlayStation Plus Extra и Premium, кои пристигнуваат во јуни, исто така би можело да ја зголеми продажбата на PS5 конзолата.