Microsoft вредно работи на тоа да ги ажурира своите Office мобилни апликации, за да можат да ги искористат предностите на новата и порбусна тракпад поддршка за iPad.

На најпознатата веб-страница за технологија The Verge, се споменува дека Microsoft до есен планира да додаде поддршка за курсор во Office за iPad. Исто така, изгледа дека компанијата планира да ги надгради и своите индивидуални и all-in-one Office апликации, за да можат да се искористат предностите на споменатата функција.

Microsoft се уште не ги објави своите конкретни планови, но има добра репутација кога е во прашање брзото ажурирање на апликации, за да можат да ги искористат предностите на најновите iPad функции. Така Microsoft своевремено го ажурираше Office со поддршка за мултитаскинг на поделен екран, набрзо по iOS 9 објавата,