Проблемот со мобилните телефони во возење очигледно се уште е тешко да се контролира

Повеќе од 46.000 возачи биле фатени како користат мобилни телефони додека управувале со своето возило. Бројките пристигнуваат по финалната анализа на податоците од најновата паневропска операција на Roadpool (Асоцијација на европски сообраќајни полиции) наречена Focus On The Road. Акцијата се одржала за време на неделата на Roadpool „Денови за безбедност на патиштата“ и „Европската недела на мобилност“ (16-22 септември).

Во акцијата учествувалe 17 европски полиции. Регулативите во земјите низ европскиот регион варираат и во повеќето случаи е забрането користење мобилни телефони без „handsfree“ опрема додека се вози. Полициските сили на земјите-учеснички провериле повеќе од 1.625.000 учесници во сообраќајот на повеќе од 47.500 контролни пунктови со идентификувани 420.075 различни видови прекршоци.

Дури 46,260 возачи користеле мобилен телефон за телефонски повици или праќање пораки додека возеле без „handsfree“ опрема, 171 возач го користеле својот уред како систем за навигација држејќи го во рака, а 14.124 возачи биле фатени како користат други одвлекувања на погледот од патот додека возат, вклучувајќи: гледање ТВ/ДВД, читање весник или јадење додека возеле (последното е забрането за возачите во Швајцарија и Полска додека има патници во возилото).