Realme ги претстави Realme 9 Pro и Pro Plus, телефони кои припаѓаат на таканаречените уреди од „средна класа“. Нивниот претходник Realme 8 Pro беше најдобриот телефон во таа ценовна класа.

Realme направи голем чекор во споредба со минатогодишните модели. Дизајнот е сосема нов. Правите рабови во комбинација со задниот дел на телефонот, кој ја менува бојата под влијание на сончевата светлина, донесоа освежен и модерен изглед. Иако веќе видовме вакво нешто на Vivo V23 Pro, тоа секако не ја намалува убавината на дизајнот на моделот Realme.

Една од главните предности на Realme 9 Pro Plus е сензорот од 50 MP на главната камера. Станува збор за сензорот Sony IMX766 со оптичка стабилизација. Без оглед на тоа што го видовме на некои флегшип модели од минатата година (како OnePlus 9 Pro), квалитетот на фотографиите ќе зависи од софтверот што Realme го има наменето за овие модели. Сензорот за главната камера е широкоаголен објектив со покриеност од 119 степени. Вториот модел без наставката Plus ќе има главен сензор од 64 MP без поддршка за OIS.

Додека ги споредувавме спецификациите, забележавме дека 9 Pro Plus не е ништо подобар. Овој модел има OLED екран со стапка на освежување од 90Hz, чипсет MediaTek Dimensity 920 и батерија од 4500mAh со полнач од 60w. Од друга страна, Realme 9 Pro доаѓа со LCD екран од 120 Hz, процесор Snapdragon 695 и батерија од 5000 mAh со брзо полнење од 33 W. Realme 9 Pro Plus има читач за отпечатоци под екранот, што е карактеристика која нема да ја има послабиот модел.

Realme не објави податоци за цените или информации кога овие модели ќе бидат пуштени во продажба.