Неодамна се појавија рандери (со малку послаб квалитет), кои го прикажуваат сè уште необјавениот таблет на Huawei со дисплеј со punch hole дисплеј и селфи камера во едниот агол, ултра-тенки рамки кога станува збор за таблет уреди и стајлус паметно пенкало кое се прицврстува на горната страна на таблетот со магнети.

Сега, дојавувачот Еван Блас, попознат како @evleaks, објави нов рендер на таблетот, заедно со информација за комерцијалното име на уредот. Таблетот ќе го носи името Huawei MatePad Pro, а не MediaPad M7 како што претходно се сугерираше.

Се очекува дека MatePad Pro ќе има две камери на задната страна, сензор за отпечатоци од прсти имплементиран под екранот и USB-C порт. Ова е сè што се знае досега за спецификациите на таблетот, а претходните гласини сугерираа дека Huawei MatePad Pro ќе пристигне во црна и бела варијанта, додека додатокот за тастатура ќе се поврзува на екранот преку магнет.