Аналитичката компанија Counterpoint Research го објави најновото истражување на пазарот, кое ја покажува моменталната состојба на глобалната продажба на компјутери.
Според аналитичката компанија, глобалните испораки на компјутери паднале за 4,3 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2022 година. Во наведениот период се испорачани 78,7 милиони компјутерски уреди.
Во првите месеци од оваа година, синџирот на снабдување со компјутерски уреди и компоненти имаше подобра состојба во областа на логистиката и недостигот на компоненти, во споредба со втората половина од 2021 година.
Counterpoint Research предвидува дека во текот на 2022 година, вкупните испораки на компјутери ќе бидат подобри во месеците што следат, додека ситуацијата значително ќе се подобри до крајот на годината.
Кога станува збор за индивидуалните производители, Lenovo ја задржа водечката позиција со пазарен удел од 23,1% со мал пад во однос на 2021 година. На второ место е HP (20,2%), додека Dell е трет.