Samsung неодамна поднесе барање за патент кај USPTO организацијата, кој открива на кој начин компанијата планира технологијата на камера под екранот да ја направи функционална.

Документацијата споменува „Display Device“ со два различни, но и натаму поврзани дисплеј панели. Поголем дел од екранот користи стандарден матрикс, додека помалиот панел може да се позиционира покрај горната рамка, или во горниот лев или десен агол.

Помалиот панел има значително поголема можност за пренос на светлина, а покрај камерата, содржи и IR-Blaster и блиц. Покрај тоа, панелот има пониска резолуција, за дополнително да се помогне при преносот на светлината.

Се очекува Samsung значително да ја исполира технологијата пред нејзината објава, доколку се најде во комерцијалните производи. Некои гласини сугерираат дека Galaxy Z Fold3 би можел да биде првиот телефон на Samsung на кој ќе дебитира новата технологија, но останува да се види дали тоа и ќе се оствари.