Според најновите сознанија, Google ја подготвува следната генерација на својот телевизиски уред за стриминг. Исто така, на интернет почнаа да кружат и фотографии како би можел да изгледа овој уред.

Во извештајот на Google кој протече во јавноста, се говори за кодно име на новиот уред Sabrina, како и за соодветен софтверски интерфејс, така што повеќе корисници нема да мораат да се мачат при гледањето емисии и филмови со помош на смартфони, таблет и Chromecast уреди. Уредот визуелно делува како Chromecast Ultra, иако е со малку помал дизајн. Исто така, според фотографиите може да се заклучи дека ќе излезе во три бои, и тоа во виолетова, бела и црна.

Маркетиншкото видео од кое кружат снимени фотографии ја прикажува горната половина на далечинскиот управувач и неговото посебно копче Google Assistant. Воопшто не е јасно засега кога ќе се појави уредот, како и колку ќе чини. Според извештајот од минатиот месец, навистина е откриено дека се работи за Android TV уред, кој ќе се пласира под брендот Google Nest, за да се обединат производите во категоријата Паметен дом. Исто така, назначено е дека уредот веројатно ќе се продава по цена под 80 долари, бидејќи моментниот Chromecast чини околу 35 долари, а Chromecast Ultra 4K околу 69 долари.