Поминаа речиси две децении откако се појави World of Warcraft, а Blizzard сега го носи на мобилните уреди.

Blizzard преку Twitter објави дека ќе претстави мобилна верзија на Warcraft.

Ова не е прв пат да се појави франшиза за конзоли на мобилните телефони, како што видовме претходно во случајот со популарните игри Call of Duty и Fortnite, кои може да се играат на мобилни телефони и таблети долго време.

Деталите за играта засега се прилично мистерија, но за среќа гејмерите нема да мора долго да чекаат бидејќи се ќе биде откриено во директен пренос закажан за денеска.