Социјалната мрежа Instagram ја помина границата од две милијарди месечни активни корисници. 

Анонимни вработени во Instagram ја открија оваа информација за CNBC, а платформата во сопственост на компанијата Meta не е официјално објавена. Причината веројатно е што со месеци е на удар на критики поради наводното лошо влијание врз децата и тинејџерите.

Последен пат Instagramn ја објави својата статистика, односно бројот на корисници во 2018 година, кога потврди дека ја преминал границата од една милијарда корисници. На Instagram му беа потребни три години да ја удвои таа бројка.

Вработените кои ја открија новата информација за CNBC тврдат дека самите дознале за новата бројка во текот на интерните разговори. Границата од две милијарди корисници беше надмината пред Facebook да одлучи да го промени своето име во Meta.

Instagram очајнички се обидува да остане пред TikTok, апликација која расте исклучително брзо и ја премина границата од милијарда корисници во септември, три години откако стана достапна. Instagram сè уште е во предност, но не се знае тоа колку долго ќе трае. Исто Instagram постојано воведува и новитети со кои сака да му парира на TikTok.