Неколку секунди пред земјотресот во БиХ, корисниците на Андроид добија предупредување преку системот за заштита.

Ова е првпат корисниците на овој оперативен систем да бидат информирани за потенцијалните опасности на овој начин. Соопштението пристигна неколку секунди пред силниот земјотрес и изненади многу корисници.

Заедно со известувањето дека се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје, добиле и упатства како да се однесуваат за време на земјотресот. Меѓу другото беше наведено дека треба да ги напуштат куќите, да го затворат гасот, да излезат и да избегнуваат оштетени објекти.

Google ја најави оваа опција пред две години, а корисниците на уредите со Android може да ја вклучат кога ќе одат на поставките за локација. Меѓу „услугите за локација“ можат да најдат „Предупредувања за земјотреси“ и да го вклучат, ако веќе не е автоматски вклучен.

Системот на Google, наречен ShakeAlert, создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД, користи сигнали од стотици сеизмометри кои се активираат и испраќаат предупредувања до корисниците преку паметните телефони со Android.

Паметните телефони обично се опремени со мал акцелерометар кој го снима движењето, па успеваат да детектираат треперења на тлото кои предизвикуваат земјотреси. Андроид телефонот може да стане и мини сеизмометар, па благодарение на милиони негови корисници во светот, во догледна иднина би можела да се создаде најголемата глобална мрежа за откривање земјотреси.