Години откако Windows Phone беше пензиониран, обожавателите го одржуваат „жив“ со пренесување на оперативниот систем на лаптопи.

Windows 10 Mobile официјално го дочека крајот на поддршката во јануари 2020 година, по години речиси без присуство на телефоните.

Сепак, неколкуте преостанати фанови сè уште се обидуваат да го одржат во живот сонот за оперативен систем Windows кој може да работи на кој било уред (што беше првичната цел на Windows 10 Mobile).

Сега каналот на YouTube Nobel Tech одлучи да создаде нешто особено необично: да го пренесе Windows 10 Mobile на MacBook.

Ќе признаеме дека Windows 10 Mobile не изгледа премногу лошо на MacBook. Почетниот екран можеби не е целосно оптимизиран за големи прикази, а истото може да се каже и за паѓачките менија за известувања.

Она што е интересно е дека апликациите за Windows 10 Mobile работат доста добро на MacBook. Тие апликации се создадени да работат истовремено на Windows 10 Mobile и Windows 10 PC уредите, тие беа видливо универзални и тоа може да се види и во овој port.

Се разбира, на корисниците не им се препорачува да го инсталираат овој port на нивните MacBook. Windows 10 Mobile е нефункционален и не е поддржан, а самиот port е тешко да се инсталира (видеото не вклучува ни упатство за инсталација).