Роверот Perseverance на американската вселенска агенција НАСА ја сними досега најквалитетната слика од соларното затемнување на Марс.

На почетокот на овој месец, роверот на НАСА, Perseverance забележа една од месечините на Марс, Фобос, како минува меѓу Црвената планета и Сонцето. Затемнувањето траеше 40 секунди и беше снимено со камера Mastcam-Z поставена на ровер.

Тоа е делумно затемнување поради големината на Месечината. Фобос е поголема марсовска месечина, но сепак е многу мала, поради што никогаш не може да има целосно соларно затемнување на Црвената планета. Без разлика на се, дел од Сонцето секогаш ќе „ѕирка“ зад сенките на месечините на Марс.

Ова не е прво соларно затемнување забележано на Марс, бидејќи другите ровери забележаа затемнувања како Curiosity во 2012 година, но сепак е со највисок квалитет досега. Камерата Mastcam-Z е значително понапредна од камерите на претходните ровери. Станува збор за камера во боја со можност за зумирање, која има и соларен филтер. Овој филтер работи како очила за сонце и го намалува интензитетот на светлината.

Покрај тоа што ќе изгледа убаво, сликата на затемнувањето ќе им помогне на научниците да го проучуваат Фобос и неговата врска со Марс. Овие две тела гравитираат едно кон друго. Фобос ја привлекува кората и внатрешноста на Марс, додека гравитацијата на Црвената планета ја привлекува Месечината со промена на нејзината орбита.

Фобос има прилично ограничен животен век бидејќи Марс го привлекува речиси два метри на секои 100 години. Научниците веруваат дека Марс ќе го уништи во следните десетина милиони години.