Социјалната мрежа X (поранешен Twitter) ќе ја укине опцијата корисниците да блокираат други профили, објави денеска сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск.

„Блокирањето ќе биде отстрането како функција, освен за директни пораки. Бесмислено е“, напиша Маск.

Блокирањето е популарна алатка која им помага на корисниците да се заштитат од несакани интеракции на социјалната мрежа, пишува „Блумберг“.

Опцијата значи дека блокираните корисници не ги гледаат објавите на лицето што ги блокирало и дека нивните објави не се појавуваат кај корисникот кој ги блокирал.