Една од основните предности на модерните продавници за апликациии би требало да биде и тоа сите производи да бидат прегледни, што на компаниите би требало да им го олесни детектирањето на оние кои се “заразени” и можат да нанесат голема штета.

Бидејќи во Google Play продавницата има преку два милиона апликации, се случува во понудата да се најде и некоја измама.

Токму тоа им се случи на 19 различни апликации за навигација, кои се всушност копии на Google Maps апликацијата, само со значително повеќе реклами.

Секоја од апликациите веќе достигна повеќе од милион преземања, и кога ќе се соберат сите преземања, доаѓа до заклучок дека со оваа измама се погодени преку 50 милиони корисници.

Иако секоја од овие апликации нуди мапи и други алатки за ориентација, јасно е дека се работи за копии на Google Maps, кои од оригиналот се разликуваат по тоа што ја злоупотребуваат довербата на корисниците, а најмногу преку агресивните маркетиншки содржини кои ја попречуваат навигацијата.

Неколку Google Maps клонови бараа и дозвола да пристапат до некои податоци, кои на мапите обично не им се потребни, а проблемот е во тоа што најголем дел од овие копии успеваат ја одржат оценка над четиир, и покрај предупредуваањето дека се работи за копии со повеќе реклами.