Nissan ќе работи со Sierra Space и Teledyne Brown Engineering за заеднички дизајн на лунарен ровер за американската вселенска агенција НАСА.
Сепак, не станува збор за „обичен“ ровер, туку за возило наречено Lunar Terrain Vehicle (LTV) кое ќе го транспортира екипажот и ќе служи како поддршка за идните истражувања на Месечината.
Nissan Северна Америка ќе обезбеди производствени можности и ќе ја понуди својата експертиза во дизајнот на автомобили, како и своите системи за автономно возење и „паметни“ системи на возила. Ландерот наменет за употреба на Месечината мора да има технологија која овозможува автономно возење.
Teledyne и Sierra Space имаат долгогодишно искуство во вонземско истражување. Teledyne го разви првиот прототип на лунарен ровер уште во 1960-тите, а исто така извршува операции за товар и интеграција за НАСА повеќе од 40 години. Компанијата ќе го води тимот и ќе управува со програмата, развојот, производството, операциите за интеграција и системот за напојување на возилото.
Sierra Space има историја на иновации на ова поле и најверојатно ќе обезбеди софтвер за летови, вселенски механизми, комуникации, навигација, тајминг и друго.
Компанијата „Textron Specialized Vehicles“ го произведе возилото Arctic Cat што ги истражуваше некои од најтешките делови на Земјата, а во овој проект ќе дизајнира шасија и ќе работи на динамиката на роверот и суспензијата.