Нов “лебдечки” воз, кој може да достигне брзина од 600 км/ч е еден чекор поблиску да стане реалност во Кина. Во четвртокот прототипот на најбрзиот кинески воз кој се движи на магнетно лежиште беше претставен во источниот кинески град Кингдао.

Развиен од државната Кинеска железничка компанија (CRRC) – најголемиот светски снабдувач на железничка опрема, тој ќе влезе во комерцијална експлоатација во 2021 година, откако ќе помине обемно тестирање.

Според производителот, возот целосно ќе го промени транспортот во Кина, пополнувајќи го јазот меѓу железничкиот и воздушниот превоз со голема брзина.

„Ако го земеме патувањето од Пекинг до Шангај тоа трае околу 4,5 часа со авион, а околу 5,5 часа со експресната железница. Со овој нов воз тоа ќе се скрати на само 3,5 часа“, велат од инженерскиот тим.

Новите возови во Кина користат магнетно одбивање, за да лебдат над земјата, со што се намалува триењето и го тера возот да се движи непречено напред. Кингдао Сифанг, подружница на CRRC, во моментов гради експериментален центар и центар со големи брзини за производство на производи од магнетит, кои се очекуваат во втората половина на оваа година.