Нова студија од страна на научниците при МИТ вели дека на Земјата постои ласерската технологија која би можела да се обликува во нешто налик на “трем“, односно светилник кој би бил доволно силен за да го привлече вниманието на потенцијалните вонземски астрономи на далечина од околу 20.000 светлински години, пишува Science Daily.

Резултатите од истражувањето укажуваат на тоа дека доколку еден ласер со моќност од 1 до 2 мегавати би бил фокусиран преку голем телескоп од 30 до 45 метри и насочен кон вселената, комбинацијата би произвела зрак од инфрацрвеното зрачење, доволно силен за да се издвои од енергијата на Сонцето.

Таквиот сигнал би можел да биде забележан од страна на вонземски астрономи кои би го истражувале нашиот дел од Млечниот Пат – особено доколку тие астрономи живеат во блиските системи, како што се Проксима Центаури, најблиската ѕвезда на Земјата или ТРАППИСТ-1, ѕвезда на околу 40 светлосни години, која има седум егзопланети, од кои три се потенцијално погодни за живеење. Доколку сигналот е забележан од било кој од овие блиски системи, според студијата, истиот мегават-ласер потоа би можел да се користи за испраќање на кратка порака во форма на импулси слични на морзеовата азбука.

“Доколку почнеме да комуницираме, би можеле испратиме порака со брзина од околу неколку стотици битови во секунда, која би пристигнала таму за само неколку години“, вели Џејмс Кларк, дипломиран студент на Одделот за аеронаутика и астронаутика при МИТ и автор на студијата.

Појавата на еден таков светилник кој привлекува вонземјани засега изгледа малку веројатно, но Кларк додава дека подвигот би можел да се реализира преку комбинација на технологии кои постојат сега и на технологии кои би можеле понатаму да се развијат.