Jin, премиум продавач на Apple уреди, објави фотографии од калапи креирани врз основа на скици од претстојната iPhone 12 линија. Според наводите, овие решенија ќе се користат од производителите на додатоци за дизајнирање на различни iPhone елементи, како што се футроли и друго.

Калапите повеќе или помалку го потврдуваат дизајнот, кој веќе претходно протече за годинашната iPhone линија, како и големините на претстојните смартфони. Ове ќе го вклучува 5,4-инчниот iPhone 12 основен модел, два 6,1-инчни модели (со и без Pro ознака во името), како и 6,7-инчниот iPhone 12 Pro Max.

Jin Store, исто така, објави и CAD рендери засновани на протечените дизајни од фабриките. Рендерите го покажуваат iPhone 12 од сите страни, вклучувајќи го изместениот слот за SIM картички и испакнувањето за камерата.

Се очекува дека годинашната iPhone линија ќе имплементира некои интересни новитети. Ова ќе бидат првите 5G телефони на компанијата, а неодамнешните информации сугерираа дека на пазарот ќе се појават нешто подоцна од вообичаеното (октомври или ноември).