Популарната апликација за пораки WhatsApp одлучи да ги подобри и усоврши функциите за испраќање и репродукција на гласовни пораки, а овие подобрувања сигурно ќе им се допаднат на нивните корисници.

WhatsApp воведува нови функции кои го олеснуваат користењето на гласовните пораки, кои станаа сè попопуларен начин за комуникација меѓу пријателите, бидејќи овозможуваат интимност на едноставен гласовен повик со практичноста на пораките. Со други зборови, вие всушност водите целосен разговор, но по ваши услови.

Самиот WhatsApp тврди дека на нејзината платформа секој ден се испраќаат во просек по 7 милијарди гласовни пораки. Значи, се поставува прашањето каде всушност луѓето наоѓаат време за тоа?

За да го олесни процесот на испраќање и примање гласовни пораки, WhatsApp додаде голем број подобрувања кои се очекуваат во наредните недели.

Најинтересната од овие нови функции е репродукцијата надвор од чатот. Во моментов, ако го напуштите тековниот разговор, гласовната порака ќе престане да се репродуцира или нема да можете да ја слушате до крај. Со новата функција, можете да се префрлате и да одговарате на други пораки додека гласовната порака од друг разговор што претходно сте го репродуцирале продолжува во заднина. Не е јасно дали оваа нова функција ќе работи ако се префрлите и на други апликации.

Кога снимате гласовна порака, обично треба да го направите тоа со еден потег, а единствената опција е да ја испратите или избришете кога ќе застанете. Иако ова не е голем проблем (бидејќи секогаш можете да продолжите со друга порака), WhatsApp додава опција за паузирање и продолжување на снимањето. Ова значи дека можете да престанете и да се вратите на испраќање на вашата оригинална порака и да ја испратите точно како што сакате.

И новата визуелизација на говорни пораки во брановидни форми изгледа прилично убаво на екранот, иако не носи други конкретни придобивки. Можеби вака лесно можете да забележите дека пораката е потивка или погласна според амплитудите на видливите бранови.