Пред некое време, беше објавено дека Google подготвува услуга за претплата за мобилни апликации и друга содржина наречена Play Pass. Компанијата сега официјално го потврдува својот иден предлог без да сподели повеќе информации за тоа, освен што ќе биде достапна наскоро.

Корисниците на Play Pass се очекува да добијат пристап до пакет игри и апликации за месечна претплата од 4,99 долари.

Од „скриншоти“, направени во тест-верзијата на апликацијата, се гледаат неколку предлози, вклучувајќи 80 Days, Brothers: A Tale of Two Sons, Limbo и Stardew Valley.

Вреди да се напомене дека Google официјално ја објави својата нова услуга само неколку часа пред настанот на Apple, чија услуга за претплата, Apple Arcade беше претставена во март и ќе биде пуштена на 19 септември.