Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ISS) за да го снимат првиот филм во вселената, утрово се вратија на Земјата.

Вселенското летало „Сојуз МС-18“ со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки слета во Казакхстан точно во предвиденото време, 4,36 часот наутро.

Руската вселенска агенција Роскосмос објави на Твитер дека спуштањето е успешно и дека тимот се чувствува добро.

Космонаутот и филмското дуо го снимаа првиот филм во вселената. Филмот е со привремен наслов „Предизвик“ и прикажува хирург (ЈулијаПересилд) кој патува на ISS за да спаси живот на еден астронаут.