Honor работи на смартфон со флексибилен екран, што го потврдува листата на патентирани скици, а дојавувач на Weibo мрежата откри некои детали за уредот.

Digital Chat Station сугерира дека Honor ќе објави телефон со 8-инчен главен екран и секундарен панел од 6.5-инчи.

Изворот истакнува дека панелот ќе го произведува кинеската компанија BOE, која претставува еден од најголемите производители на дисплеи во Кина.

Компанијата која во минатото соработувала со Huawei, моментно работи на нова технологија за ултра-тенок и флексибилен слој за стакло, кој ќе ги штити кршливите екрани.