Во текот на втората половина од годината, Android 13 ќе биде официјално достапен, што може да донесе интересна промена и да ги направи непотребни традиционалните SIM картички.

Иако eSIM е дел од комерцијално достапната технологија веќе шест години, прифаќањето на овој стандард не е на високо ниво. Има одреден број телефони со поддршка за eSIM, но речиси сите ја имаат оваа функција како додаток покрај отворот за SIM картичка, што го ограничува прифаќањето и употребливоста на eSIM.

Дел од проблемот е и тоа што не поддржуваат сите провајдери eSIM, иако достапноста на технологијата се искристализира во претходните години поради прифаќањето на Apple. Најновата серија iPhone 13 веќе поддржува eSIM, а сега Google планира да го направи тоа преку платформата Android 13.

Откриена е опција во кодот на Android 13, што сугерира дека Google би можел да понуди начин за поврзување на повеќе провајдери на еден eSIm, во текот на следното големо ажурирање за Android.

Според истражувачот Мишал Рахман, откриени се повеќе референци на Android Open Source Project и на сајтот Android Developers кои укажуваат дека прифаќањето на споменатата опција е на пат.

Оваа опција најпрво може да се најде на идните Pixel уреди во бета облик.