Бидејќи на WhatsApp секој ден се испраќаат околу седум милијарди гласовни пораки, компанијата одлучи малку да ги освежи и подобри. Имено, во следните недели на платформата ќе пристигнат нови функции, меѓу кои и можност за слушање на пораката додека се читаат други разговори и побрза репродукција (1,5x и 2x).

„Гласовните пораки им овозможија на луѓето брзо и лесно да водат поекспресивни разговори. Покажувањето на емоции или возбуда преку гласот е поприродно од текстот, а во многу ситуации гласовните пораки се префереирана форма на комуникација на WhatsApp“, стои во официјалното соопштение на компанијата Meta.

WhatsApp по долго чекање им овозможува на корисниците паузирање на снимањето на гласовните пораки, што секако добро ќе им се најде на оние на кои лесно им одлетуваат мислите. Добра вест е што гласовните пораки може да се слушаат и пред да се испратат. Да потсетиме, ова е опција која WhatsApp ја најави кон крајот на минатата година.

WhatsaApp ги истака ивизуелните промени. На пример, гласовната порака ќе се појавува со „бранови“, односно визуелен приказ на звукот, за корисниците полесно да ја следат снимката. Конечно, треба да се истакне и функцијата Remember Playback, која му овозможува на корисникот да продолжи да ја слуша гласовната порака таму каде што застанал по паузата, дури и ако го напушти разговорот.