Корисниците на Facebook се почесто ја пријавуваат најновата грешка која влијае на нивното корисничко искуство во рамките на платформата, поради која старите Мессенгер пораки се враќаат без никакво објаснување и смисол.

Од компанијата потврдија дека старите пораки во последно време се однесуваат како нови и непрочитани, па се појавуваат во врвот на Messenger.

На тој начин, многу корисници се загрижени дека новиот баг би можел да ги оживее разговорите кои најмногу би сакале да ги заборават, бидејќи сите пораки се чуваат, додека корисникот не одлучи да ја избрише целата комуникација.

Ова не е прв пат Facebook да задира во потенцијално болните сеќавања на корисниците. Слично се случи во 2015. година, во рамките на функцијата On This Day, поради што алгоритмите најдобро не ги разликуваа добрите од лошите сеќавања.

Овој пат, сепак, се работи за грешка во кодот, наместо за човечката желба за сеќавањата, а поголем дел од корисниците, најновиот проблем повеќе го третира како необичност, отколку како сериозна грешка.