Компанијата FedEx има намера во 2023 година да започне со тестови на автономен товарен дрон кој ќе превезува пратки меѓу складишта со тежина до 227 килограми.

Планот на FedEx е да тестира различни методи за транспорт на стоки меѓу депоата, а ќе започне следната година. Дроновите би можеле значително да го забрзаат процесот на испорака. Компанијата соработува со Elroy Air, која развива товарен дрон со вертикално полетување и слетување, а неговата задача е да транспортира пратки меѓу центрите за сортирање.

Elroy Air го претстави дронот Chaparral C1 во јануари, а компанијата тврди дека неговиот хибридно-електричен систем обезбедува опсег до 483 километри. Овој дрон може да носи товар до 227 килограми, па FedEx ќе мора да има многу од нив доколку сака да ги замени товарните авиони. Дронот има 12 електрични мотори и 12 пропелери.

На дронот Chaparrel C1 не му е потребна специфична инфраструктура како аеродром или специјална станица за полнење, а FedEx ги воведува со цел до 2040 година да ги направи своите операции карбон неутрални.

Наведените компании соработуваат повеќе од две години и работат на добивање сертификат за да можат комерцијално да го користат дронот. Ако сѐ оди според планот, пробните летови ќе започнат во 2023 година во Форт Ворт до Оклахома Сити, Тексас.

Автономните карго летови би можеле да му овозможат на FedEx поефикасно да ги транспортира пратките од центрите за сортирање отколку патниот транспорт. Chaparrel C1 моментално е во фаза на претпродукција, а неговата брзина се уште не е позната. Под услов да се одржат ветувањата, беспилотните летала на FedEx ќе летаат товар од Форт Ворт до Оклахома Сити.