Апликацијата TikTok е се попопуларна, а сега забележа и голем јубилеј.

Популарноста на TikTok порасна во текот на пандемијата на коронавирусот, а аналитичката платформа Sensor Tower соопшти дека ширум светот досега е преземен повеќе од 2 милијарди луѓе. Само во текот на овој квартал преку App Store и Google Play е преземен 315 милиони пати. Би требало да се има на ум дека овие бројки не ги вклучуваат продавниците од трети страни, кои се популарни во Кина.

Sensor Tower наведува дека Индија, Кина и САД се земји со најголрм број преземања на TikTok. Важно е да се напомене дека бројот на преземања не укажува на бројот на активни корисници.

Додека луѓето се во карантин поради Ковид-19 и поради тоа имаат повеќе време, социјалните мрежи бележат раст.