Веќе подолго време слушаме гласини за OnePlus 10R и конечно го добивме вистинскиот изглед денес благодарение на сетот нови рендери, кои ги обезбеди типстерот Yogesh Brar во соработка со 91mobiles. OnePlus 10R го донесува познатиот изглед во согласност со неодамна лансираниот Realme GT Neo3, кој има екран со централно позициониран отвор за селфи камерата и тројна поставка на камерата на задната страна, но се чини дека изгледот не е единственото нешто што им е заедничко на двата уреда.

Врз основа на најновите спецификации, OnePlus 10R ќе го донесе Dimensity 8100 чипот, баш како и моделот на Realme, заедно со 6,7-инчен 120Hz E4 AMOLED екран со HDR10+, како и селфи камера од 16MP. На задната страна на телефонот ќе има главна камера од 50 MP со истиот Sony IMX766 сензор и OIS, заедно со ултра широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP.

Исто така, се шпекулира дека OnePlus ќе донесе две верзии na 10R, од кои едната ќе има батерија од 4.500 mAh и полнење од 150 W, додека другата ќе користи полнење на ќелии од 5.000 mAh со брзина од 80 W. Овој телефон на OnePlus ќе го покренува Android 12 со најновата генерација на Oxygen OS.