Sony се огласи и истакна дека корисниците во блиска иднина може да очекуваат во иднина да биде имплементирана VRR поддршка. Оваа функционалност ќе ја овозможат закрпи за видео игри кои веќе се објавени за Playstation 5, а се верува дека сите нови игри кои ќе се појават на оваа конзола ќе имаат VRR поддршка од првиот ден. Згора на тоа, Sony најави дека ќе им овозможи на корисниците да го вклучат VRR во оние игри кои моментно не поддржуваат VRR преку менито за поставки, што е одлична вест за сите корисници на оваа конзола. Меѓутоа, во таква ситуација, Sony не ветува одлични резултати без нативна поддршка во видео игрите.
На тој начин, во следните неколку месеци, корисниците на оваа конзола можат да очекуваат ажурирање на софтверот што ќе донесе Variable Refresh Rate, но точниот датум се уште не е наведен. Сепак, тука не е крајот на новитетите на компанијата, па воведени се неколку нови функционалности.
Корисниците сега ќе можат да креираат отворени и затворени групи на гејмери преку PS апликацијата. Исто така, Sony го подели своето мени за видео игри во три категории, а визуелно го подобри дизајнот на трофеите и листата на освоени трофеи. Значи, многу мали промени кои го олеснуваат изборот на видео игри и отворањето групи со други гејмери, но сепак ќе треба уште малку да почекаме за VRR.