Компанијата која ја покрена основачот на OnePlus, Карл Пеи, најави дека оваа година ќе се вклучи во директна битка за купувачите на смартфони, и тоа ни помалку ни повеќе туку со Apple.

Технолошката компанија Nothing, формирана од основачот на OnePlus, Карл Пеи, е во сопственост на газдата на пропаднатата компанија Essential, Енди Рубин и досега успеа да собере десетици милиони долари инвестиции и да го пласира својот прв производ. Се работеше за проѕирните безжични слушалки Nothing Ear (1)

Следниот проект, очекувано, ќе биде изработка на сопствен смартфон. Тоа беше објавено оваа среда на посебен настан, каде Пеи зборуваше за тоа како неговата компанија се подготвува да стане директен предизвикувач на Apple. Во битката на пазарот со најбогатата технолошка компанија во светот, велат, ќе се приклучат летово, кога ќе го претстават својот прв мобилен телефон Nothing phone (1).

Во светот во кој живее Карл Пеи, моментано „не постои алтернатива за Apple“, а купувачите немаат избор“. Поради оваа причина, најави дека планира да го лансира својот мобилен телефон, да го интегрира со широк екосистем на производи и услуги, за кои, сепак, ништо не беше кажано на презентацијата. Телефонот на Nothing ќе биде базиран на Android, сместен во нешто што се нарекува Nothing OS.