Facebook пред два дена повторно имаше проблеми со работата, а тие беа предизвикани од баг кој им создаде необични проблеми на корисниците.

Корисниците тврдат дека Фејсбук необјасниво испраќал автоматски барања за пријателство до одредени луѓе кога некој ќе го посети нивниот профил.

Тие истакнуваат дека самиот Фејсбук додавал луѓе на кои не им било испратено барање за пријателство, туку луѓето кои го добиле тоа барање само го гледале нивниот профил. На некои им додаде луѓе за кои никогаш не слушнале.

Грешката предизвика збунетост и загриженост кај корисниците, се додека Фејсбук официјално не се обрати за да го потврди постоењето на проблемот и дека работи на поправка.

По неколку часа, Facebook објави дека проблемот е поправен, но се уште не разјасниле што ја предизвикало оваа необична грешка.