Instagram додава две нови алатки за live стриминг кои ќе претставуваат олеснување за корисниците.

Креаторите од денеска можат да го закажат својот стриминг во живо до 90 дена однапред и да го поделат она што планираат да го прават преку постови и Stories. На гледачите им е овозможено да постават потсетник за себе, за да не го пропуштат стримингот во живо.

Исто така, наскоро ќе биде достапен и таканаречениот Practice Mode, алат кој ќе им овозможи на креаторите пред почетокот на live стримингот да го проверат квалитетот на звук и осветлувањето и уште еднаш да поминат низ содржината која ја испланирале.

Да потсетиме, во април беше воведена опцијата на аудио стриминг во живо.