Презентирајќи ги новите модели на телефони од серијата Galaxy S23 (S23, S23+ и S23 Ultra), компанијата Samsung претстави и нова ера на супериорно искуство со користење на Samsung паметните телефони.

Новата генерација на паметни телефони подразбира ново, безвременско искуство, проткаено со креативност и извонредност. Моделите Galaxy S23 и S23+, според оценките на корисниците, веќе се издвојуваат од сите други телефони на пазарот.

Зошто е така?

Одговорот е едноставен –компанијата Samsung работеше напорно и инвестираше многу во овие телефони за да на сите корисници им го понуди токму она што им треба во секоја ситуација. Од екранот, батеријата, до камерата и можностите за мултифункционалност, на сè е мислено. Така, 6,1-инчниот екран на моделот Galaxy S23 и освежување до 120 Hz, ќе ви овозможат лесно да скролате и да ја гледате содржината на вашиот телефон што е можно појасно. Екранот на моделот Galaxy S23+ е нешто поголем и има 6,6 инчи, и воедно има за 25% поголема осветленост во однос на основниот модел.

Кога зборуваме за батеријата, иако со одредени разики, таа е силна на двата телефони и може да издржи цел ден активно користење на телефонот, без разлика дали се работи за долготрајни разговори, пораки, онлајн состаноци или каква било друга активност. Капацитетот на батеријата на основниот модел Galaxy S23 е 3.900 mAh, додека пак Galaxy S23+ има батерија од 4.700 mAh. Она што ги прави овие два модели различни кога станува збор за батеријата е брзината на полнење. Имено, Galaxy S23+ се полни со моќност до 45 W преку кабелот и обезбедува полнење од 65% за половина час, додека Galaxy S23 за истото време се полни до 50%, благодарение на моќноста од 25 W.

Дизајнот на телефоните Samsung Galaxy S23 и S23+ е вистинско освежување на пазарот со препознатливите три окца на камерата на горната лева страна. Страните на телефонот се нежно заоблени, мазни и сјајни, а самите рабови при контактот помеѓу стаклото и металот се остри, така што телефонот природно си лежи на раката.

Големината е совршена, така што сигурно ќе можете да го користите телефонот со една рака додека фотографирате, пишувате, сурфате или скролате, а не е преголем и нема да ви се вади од џебот доколку го чувате таму.

Кога станува збор за камерата, јасноста и прецизноста на фотографиите што ги вадат, овие телефони ќе ве изненадат, а видеата што ќе ги снимате ќе бидат стабилни и со неверојатна резолуција. Онаму каде што доминираат телефоните од серијата Galaxy S23 е секако ноќниот режим, кој функционира така што понекогаш она што сте го фотографирале изгледа нереално. Нереално само поради тоа што фотографијата е толку добра и јасна што ќе си помислите дека таа „видела“ повеќе од вас самите.

Живописни фотографии

Телефоните Galaxy S23 и S23+ снимаат сè што ви треба со живописни детали на фотографии со висока резолуција од 50 MP и 30x Space Zoom. Нема да имате ниту некаков проблем со меморијата, со оглед на тоа што на овие два модели имате можност да изберете помеѓу 128 и 256 GB простор, со 8 GB RAM за брз мултитаскинг.

Кога станува збор за поврзувањето, S23 и S23+ имаат поддршка за 5G, Wi-Fi 6E, Bluetooth 5.3 и NFC, како и GPS, GLONASS и GALILEO навигација, така што лесно можете да се поврзете со кој било друг уред. Сето ова, денес со секојдневниот мултитаскинг, е исклучително важно и неизбежно за многу видови на работа и работни обврски.

Корисничкиот интерфејс е најновиот One UI 5.1, базиран на оперативниот систем Android 13, а доколку треба да го користите телефонот како компјутер, тука е софтверското решение Samsung DeX, кое се активира со едноставно поврзување на уредот со монитор или со телевизор.

Со серијата Galaxy S23 компанијата Samsung работи поинтензивно на минимизирање на негативното влијание врз животната средина, без да прави компромиси за квалитетот и естетиката. Серијата Galaxy S23 има UL ECOLOGO® сертификат, кој потврдува дека производот е сертифициран за намалено влијание врз животната средина. За корисниците кои сакаат да го продолжат животниот век на својот уред, премиум искуството на серијата Galaxy S23 може да се одржува низ годините со четири генерации на ажурирања на оперативниот систем и пет години безбедносни ажурирања.

За дополнително ниво на безбедност Knox Vault ги заштитува информациите на серијата Galaxy S23 со тоа што ги изолира од остатокот од уредот, вклучувајќи го и ОS, поради дополнителна заштита.

Спектакуларна понуда

Samsung подготви специјална понуда во која корисниците кои ќе купат смартфони од серијата Galaxy S23  или од серијата Z  добиваат на подарок паметен часовник Samsung Galaxy Watch5 44 мм  во графитна боја  или Samsung Galaxy Watch5 40мм во розово – златна боја. Промоцијата трае од 5 април до 30 април 2023 година, или додека не се потроши залихата за подароци.. Повеќе информации за оваа промоција можете да прочитате тука.

Повеќе информации за производите можете да најдете на линкот.

ПР Текст