По интересниот настан на кој беа претставени неколку нови уреди на Apple, како новиот iPhone SE модел, Mac Studio, новиот Studio Display, но и најновиот iPad Air со M1 чип, за сите фанови на оваа компанија пристигнуваат малку полоши вести.

Имено, се чини дека спротивно на досегашната политика на оваа компанија, целата претстојна линија на мобилни уреди нема да го има истиот, најнов чипсет – A16 Bionic. Според познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо, новиот мобилен чипсет се очекува само за iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Од друга страна, моделите iPhone 14 и iPhone 14 Max ќе бидат испорачани со минатогодишниот процесор, A15 Bionic.

Останатите разлики во перформансите сугерираат дека стандардните модели 14 и 14 Max ќе останат на LPDDR 4X меморија, додека уредите 14 Pro и 14 Pro Max ќе добијат надградба на LPDDR 5 меморија. Се очекува новата меморија да биде до еден и пол пати побрза, како и дека ќе пружа 30 проценти повеќе заштеда на батерија.

Значи, покрај големината на екранот, системот на камери на задната страна и капацитетот на RAM меморијта, претстојните iPhone уреди ќе се разликуваат и според перформансите обезбедени од чипсетот и типот на меморијата. што досега не беше случај. Во суштина, Apple сака уште повеќе да ги разликува Pro моделите од стандардните.

Целта на овој потег е секако од финансиска природа, најверојатно во обид корисниците да бидат приморани да ги купуваат поскапите уреди, доколку сакаат највисоко ниво на перформанси. На почетокот, голем број корисници сигурно ќе бидат разочарани од овој потег, но Apple во неколку наврати покажа дека знае што прави и дека знае да ги остави корисниците во својот екосистем и да ги насочи на начин на кој им одговара.