Веќе некое време се шпекулира дека основниот модел на iPhone 12 ќе има компактен 5,4-инчен екран, а сега се појавија и првите вистински фотографии од овој дисплеј.

Digital Chat Station објави две фотографии за кои тврди дека го прикажуваат 5,4-инчниот екран на iPhone 12, а на една од нив се и неговите прсти, со што покажа дека уредите лесно ќе можат да се користат и со една рака.

Се чини дека фотографиите го покажуваат уредот на производната лента, што значи дека веројатно потекнуваат од фабриката во која масовно се произведува iPhone 12. Забележително е дека и натаму останува големиот засек (notch) на екранот, така што уредот наликува на iPhone 11, но е помал.

Ако фотографиите се автентични, тогаш уредот е токму она што се очекуваше, но ваквите информации секогаш треба да се земат со резерва.

Се очекува дека уредот ќе биде претставен во септември, но некои извори наведуваат дека би можело да дојде и до одложување за октомври, па дури и подоцна.