Научниците развија технологија која со натамошниот напредок на ToF сензорите во паметните телефони, би можела да се користи за препознавање на шпионските камери

Иако не се зборува често за тоа, при изнајмувањето стан или соба никогаш не можете да бидете сигурни дека нема поставено скриена камера која ќе ве снима или дури во живо ќе пренесува се што правите. Тие што се параноични можеби со себе носат опрема за детекција на скриени камери, но во иднина можеби сите ќе имаме таква можност.

Научниците од Сингапур пронајдоа решение за претворање на смартфоните со ToF сензори во уреди за откривање скриени камери. ToF сензорите кои се наоѓаат во голем број телефони се користат за отклучување со лице, односно за снимање фотографии со заматена позадина. Тие емитуваат инфрацрвени зраци и го мерат растојанието од предметите со помош на рефлексијата на зраците. Светлината која ја емитуваат создава карактеристичен отсјај на леќата и благодарение на тоа може да се открие шпионска камера.

Со оглед на тоа дека ToF сензорите не се направени за таа цел, научниците морале да направат посебна апликација со која ги прилагодиле сензорите да бидат успешни во детектирање на шпионските уреди. На тој начин, додале посебен систем кој корисниците ги предупредува на оптималното растојание при скенирањето на предметите и додале посебни филтри и технологија за препознавање на камерите во различни услови, односно за останатите предмети да не се прикажат лажно како камери.

Резолуцијата и прецизноста на денешните ToF сензори и понатаму е премала со цел успешно да се користат за препознавање шпионски уреди, но со натамошниот напредок на технологијата, можеме да очекуваме со тек на време апликацијата да се најде во Apple App Store и Google Play Store.

Тестирањeто на апликацијата покажа дека е прецизна во детекцијата на камерите во 90 проценти од случаите, додека лажно позитивни резултати имало во 15 отсто од случаите.

Извори: Zimo.hrKaspersky blog