Претстојните Samsung Galaxy Buds2 TWS слушалки се предмет на гласини веќе извесно време, а веќе го видовме нивниот дизајн и достапните бои, како и најголемиот дел од карактеристиките.

Досега различни извори сугерираа некои цени на слушалките, но сега првите информации ги имаме од медиумите кои покриваат технолошки вести и имаат солидно реноме. Доколку интерните извори се во право, Galaxy Buds2 ќе имаат цена од околу 172,90 евра, вклучувајчи ги и таксите.

Во овој момент, Galaxy Buds Pro се нудат по цена од околу 130-140 евра, но по објавата чинеа околу 239 евра. Galaxy Buds+ кои можат да се сметаат како претходниот модел, на стартот чинеа 170 евра, така што не се очекува значително зголемување на цената кај Galaxy Buds2 моделот.