Апликацијата за безбедно допишување и размена на содржини Telegram претстави нова функција, која само што излезе од Alpha верзијата за Android и iOS, објави компанијата преку соопштение, во кое се наведува дека во 2020. година е зголемена побарувачката за комуникација лице во лице.

Во блог постот во кој се слават седум години од постоењето на сервисот, Telegram го опиша начинот на користење на видео повииците – да се притисне на профилната фотографија на човекот со кој сакате да стапите во контакт. Корисниците имаат можност да го исклучат видеото или да го остават вклучено во било кој момент.

Исто така, постои можност за опцијата слика во слика, така што е можно да се користи телефонот додека разговарате. Она што се истакнува е end to end енкрипцијата, која сега ќе ја имаат видео повиците во Telegram апликацијата.