Физичарот Алексеј Турчин смета дека смртта не мора да биде нашиот крај. Тврди дека луѓето во иднина ќе успеат да откријат технологија поради која човековиот вид ќе може да живее вечно Тоа се очекува најдоцна до 2600-та година…

Кога имал само 11 години, Русинот Алексеј Турчин останал без најдобриот пријател. Неговата смрт толку го погодила, па веќе во рана доба одлучил дека ќе го посвети животот на проучување на бесмртноста. Подоцна се запишал престижен московски факултет и во 1997. година и добил титула магистер по физика.

Од тој момент издал неколку книги, десетина статии за разни научни списанија и станал еден од главните научници на подрачјето на “трансуманизмот”, научно движење кое настојува да ги продолжи и подобри човечките животи со примена на разни технологии, пишува “Daily Star”.

Неговиот најпознат труд “Мапа до бесмртноста”, кој го напишал со колегата физичар Максим Чернијаков, содржи тврдење како “да се победи смртта”, што, очекувано, предизвикало голема бура во научната заедница.

„Изгледа дека смртта е трајна состојба, но никаде не постои доказ дека не може да победи. Моментално не поседуваме таква технологија, но не можеме да тврдиме дека тоа не е возможно. Постојат неколку можности како да се надвладее смртта кои ќе ги откриеме во иднина“, наведуваат авторите во својот труд.

Во рамките на „Мапа до бесмртноста” претставиле четири опции за преживување. Планот А е многу директен. Луѓето, кога ќе добијат можност за тоа, треба да вградат вештачки органи кои вечно ќе ни служат. Бидејќи такво нешто не е можно овој двоец предложува и план Б, за кој сигурно повеќето од вас веќе и слушнале.

„Криониката и замрзнувањето на телото може да ви купат време додека не откриеме начин како да дојдеме до бесмртност“, наведуваат авторите.

Планот Ц е оној за “дигитална вечност”. Сите наши мисли и чувства би биле префрлени во супер-компјутери, а потоа тие податоци подоцна ќе се префрлат во нови, веројатно био-механички тела.

И на последното место, планот Д е всушност слепо верување.

„Иако технологијата расте и се развива многу брзо, се уште не сме дојдени до начин како да живееме вечно, но сигурен сум дека до 2600-т година и тоа ќе биде постигнато. До тогаш, можеме само да се надеваме дека процесот на смртта е реверзибилен“, велат авторите.

Турчин смета и дека е можно еден ден сите кои некогаш починале да бидат вратени во живот.

„Не можеме да ја отфрлиме таа можност. Со помош на некаква суперинтелигенција на галактичко ниво и тоа би можело да биде остварливо“, заклучуваат авторите.

Извор: 24sata.hr