Стапала на диносауруси стари 100 милиони години се откриени во југозападниот дел на Кина откако биле забележани од еден од гостите во градината на овој ресторан.

Неколку карпи во ресторанот во Лешан, кинеската провинција Сечуан, содржат отпечатоци од два сауроподи, еден вид диносаурус кој живеел во раниот период на креда, рече Лида Ксинг, палеонтолог и професор на Кинескиот универзитет за геонауки.

Taa и нејзиниот тим го потврдија откритието неодамна користејќи 3Д скенер.

Сауроподите се познати по долгите вратови и опашки, и биле најголемите животни што некогаш оделе на Земјата. Тие можеле да пораснат до три автобуси и биле толку тешки што земјата се тресела под нив додека оделе. Двата сауроподи кои оставиле траги веројатно биле долги околу осум метри.

Иако во Сечуан се откриени многу фосили од диносауруси од периодот Јура, пронајдени се многу помалку фосили од креда. Токму во овој период диносаурусите навистина „процветале“.

Брзиот развој на Кина во последните неколку децении ја отежна палеонтологијата, проучувањето на праисторискиот живот со помош на фосилни траги.

„Фосилите ретко се наоѓаат во градот бидејќи се „покриени“ со згради. Градежните работници ги уништуваат за само неколку дена“. – рече Ксинг.

Местото каде што се пронајдени стапалките на диносаурусите претходно се користело како фарма, а отпечатоците биле покриени со слоеви прашина и песок. Ова ги заштитило од ерозија и временските оштетувања. Прашината беше отстранета пред една година кога се отвори ресторанот. На сопственикот му се допаднал природниот изглед на нерамниот камен, па не го допирал и не го измазнувал со цемент. Сега ги огради скалите за да ги заштити и веројатно дополнително ќе ги заштити со изградба на колиба.