Google неодамна ја објави Android 13 верзијата за програмери, која сега е искористена за стартување на Microsoft Windows 11 на Google Pixel 6 телефонот.

Android 13 полека се позиционира како прилично револуционерен чекор во поглед на сигурноста и и стабилноста на работата. Сепак, се работи и за одличен мобилен оперативен систем кој  Android телефоните ги насочува кон моќниот и способен свет на виртуелните машини.

Google сака да ја искористи Виртуелната машина базирана на кернел (KVM) за стандардизирање на процесот на користење во рамките на оперативниот систем Android, што би ја елиминирало фрагментацијата на кернелот.

Гигантот ја нарекува најновата верзија „protected KVM“ (pKVM). Оваа верзија е опишана како значително побезбедна, а пристигнува директно од Google, што значи дека треба да биде посигурна и подоверлива.

Android и веб-програмерот kdrag0n успеа да го стартува Windows 11 во рамките на Virtual Machine опкружување, која е поставено на Google Pixel 6. Тој во текот на овој процес во голема мера се потпираше на функцијата KVM достапна во Android 13 developer preview верзијата.

Треба да се напомене дека со Virtual Machines, можно е да се конфигурира околината за покренување на различни оперативни системи. Верзијата креирана од kdrag0n не е Windows на ARM (WoA), туку се работи за стандарден Windows достапен за Intel или AMD процесори.

Едноставно кажано, програмерот успеа да го лансира стандардниот Windows 11 на телефон со Android преку поставките на Kernel-based Virtual Machine (KVM) опкружувањето.