Компанијата SpaceX продолжува да поставува рекорди кога се работи за искористливоста на нивните ракети. 

SpaceX петти пат ја лансираше истата ракета Falcon 9, што е нов рекорд кога станува збор за употребливоста на ракетата, и покрај тоа изврши две лансирања на истата ракета во период од само 27 дена, што е исто така уште еден рекорд.

Инаку, најновото лансирање беше направено со цел SpaceX да испорача уште 60 сателити во орбитата, кои стануваат дел од Starlink интернет мрежата 

Ракетата Falcon 9 беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида, а нејзината прва фаза успешно слета на Земјата девет минути подоцна, односно на еден од беспилотните бродови на SpaceX во Атлантскиот Океан.